![sonce soncevo vreme 2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/sonce-soncevo-vreme-2.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Во вторник во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќа изнесува 7.
Утринската температура се движи од 11 до 21, додека максималните девени соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 28 и 36 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност, поголема попладне и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне до 36 степени.