
Во вторникот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со променлива облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (UV) ќе биде 7.
Утринските температури се движат меѓу 10 и 20, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во опсегот меѓу 25 и3 5 Целзиусовим степени.
Во Скопје и околинта денеска, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 35 степени.