Сончево и топло со локална нестабилност

Времето во Македонија во вторникот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.

Утринските температури се движат од 11 до 20 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од 24 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигна до 32 степени.