Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Во Македонија во недела ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 9.

Минималната температура се движи во интервал од 9 до 17, а максималната соодветно ќе биде од 24 до 35 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 34 степени.