Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Во вторник во земјата ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. UV индексот ќе има вреднсот 8.

Утринските температури се движат во интервалот од 10 до 20, додека максималните дневни соодветно ќе бидат меѓу 23 и 33 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 31 степен.