![soncevo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/soncevo.jpg?resize=672%2C420&ssl=1)
Во понеделникот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Претежно во североисточните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. UV индексот ќе има вредност 8.
Утринските температури се движат во интервалот од 13 до 19, додека максималните дневни соодветено ќе бидат меѓу 24 и 34 Целзиусови степени.