![sonce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/sonce.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Под влијание на топла воздушна маса во петокот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност.
Попладне претежно во западните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Утринските температури се движат меѓу 13 и 23, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 29 до 38 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде, исто така, ссончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 37 степени.