Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно

Во Македонија во четвртокот ќе преовсладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Попладне, особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

Утринските температури се движат од 5 до 12, додека највисоките дневни ќе бидат соодветно во опсегот меѓу 18 и 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 26 степени.