Во Македонија во вторникот ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Утринските температури се движат од 0 до 7, додека соодветно највисоките преку денот ќе бидат во интервалот меѓу 18 и 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денекса ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 26 степени.