Во понеделникот во Македонија ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервалот од 28 до 34 Целзисови степени. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 8.
И во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од колината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Прогнозираната температура ќе биде до 31 степен.