Во Македонија во петокот ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Утринските температури се движат од 5 до 12, додека максималната температура ќе биде во интервалот од 21 до 29 Целзиусотив степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност, од пладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе достигне до 26 степени.