Сончево и топло со мала облачност, попладне нестабилно

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Во петокот на територијата на Македонија ќе продолжи сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 7.

Утринските температури се движат од 10 до 20, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 28 и 37 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 37 степени.