Сончево и топло со мала облачност, попладне нестабилно

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Во Македонија во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме.

Температурите ќе се движат од 22 Целзиусови степени на повисоките места во западниот дел од земјата, до 29 степени на крајниот југ.