Сончево и топло со незначителен пад на температурите

Времето во вторникот во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе има вреднот 8.

За разлика од понеделникот, денеска температурите ќе бидат пониски за степен-два. Утринските температура со движат од 8 и 10 степени во високите области на истокот и западот, меѓу 12 и 16 Целзисови степени од северот кон југот.

Максималните дневни температири во зависност од регионите ќе бидат во интервалот од 25 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево со мала облачност. Утринската температура е 15, а во текот на денот ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.