И во средата на подрачјето на Македонија ќе продолжи да преовладува сончево и топло време, со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вреднсот 7.
Утринските температури се движат од 10 степени на повисоките места на истокот и западот од земјата до 19 на крајниот југ. Највисоките во текот на денот, пак, соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 21 и 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, со температура до 31 степен.