Сончево и топло со умерена облачност

Во петокот во Македонија ќе продолжи сончевото и топло време, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во крајните јужни делови од земјата ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринските температури се во опсегот од 8 до 22, додека максималните во текот на денот ќе бидат соодветно во интервалот од 27 до 34 Целзиусови степени. Индекост на ултавиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 8.

Во Скопје и во околината денеска ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 33 степени.