Сончево и топло со услови за изолирана попладневна нестабилност

Времето во недела во Македонија ќе биде претежни сончеви и топло, на места поменливо облачно, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе изнесува 7.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 12 и 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат 24 односно 34 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променвилив облачно, со можни попладневни врнежи. Температурата утрово се движи околу 18-от, а во текот на денот ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.