Сончево и топло, температурите до 36 степени

Времето во Македонија во понеделникот ќе биде претежно сончево и топло, ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе е поинтензивен на североистокот. Ултравиолетовото зрачење УВ ќе има вредност 8.

Утринските температури се движат од 10 и 12 степени во источните и западните планински предели, 15 степени во централните региони до 20 Целзиусови степени на југот на земјата.

Максималните дневни температури, пак, соодветно ќе се движат во интервалот од 27 преку 31 до 36 Целзиусови степени.

Ви Скопје и околината денеска ќе биде стабилно и сончево. Утринската температура е 15, а максималната дневна ќе достигне до 34 Целзиусови степени.