
Сончево и топло со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.