Сончево и топло време со температури до 28 степени

Сончево и топло со мала локална облачност ќе биде времето денеска. Попладне во североисточните делови ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните ќе достигнат максимални 28 степени. Во Скопје сончево и топло со дневна температура до 26 степени.

Времето утре ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од четврток облачноста повремено ќе се зголемува, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за неколку степени. Главно во планинските региони ќе има услови за локaлeн дожд.