Сончево, попладне нестабилно со дожд

Во вторникот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринската температура се движи меѓу 11 и 17, додека максималната температура соодветно ќе биде во интервалот од 22 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околинаа денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Температурата ќе достигне до 26 степени.