Седмицата ќе започне повторно со сончево и топло време, попладне со мала до умерена локална облачност, а во планинските подрачја со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Вредноста на ултравиолетовото зраќење (UV) ќе биде 8.
Утринските температури во земјава се движат во опсегот од 12 до 22, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе достигнат меѓу 27 и 37 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 35 степени.