Сончево, релативно топло со умерена облачност, кон крајот на денот локални врнежи

Во неделата во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Утринските темпертури се движат од минус 1 до 6, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 10 до 21 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со силен ветер (над 60 km/h).