
Во четвртокот во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
По ниските температури утрото во текот на денот се очекува раст во интервалот од 14 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од северен правец, а температурата ќе достигне до 20 Целзиусови степени.