Во сабота во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Индексот на ултравиолетовото зрачењ (UV) ќе има вредност 9.
Утринските температури се движат од 7 степени во повисоките области на истокот на земјата до 18 степени на крајниот југ. Максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 27 и 36 Целзиусови степени.
Во Скопје и Скопската котлина, исто така, денеска ќе виде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.
До крајот на викендов времето ќе биде претежно стабилно и топло со пониски утрински температури. Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а потоа ќе има стабилизирање на времето.