
Во сабота во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат меѓу минус 7 и 1, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 6 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 9 стпени.