Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер

Времето во Македонија во понеделникот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Минималната утринска температура е во интервалот од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 Целзиусови истепени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 Целзиусов степен.

Во следните денови ќе преовладува значително топло време.

До вторник ќе биде сончево и стабилно со локална облачност. Во вторник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со засилен јужен ветер.

Од среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а оваа нестабилност ќе се одржува и во четврток преку денот особено на истокот од земјата.