![studeno-zima-640x427](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/studeno-zima-640x427.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Утрото ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -7, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 2 степени.
До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.