
Времето во четвртокот во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната утринска температура се движив о интервалот од 11 до 20, а максималната дневна ќе достигне од 29 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 32 степена.
Во петок попладне претежно во јужните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Променливо облачно и нестабилно ќе биде во сабота, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Од недела следува период на стабилно и топло време.