Сончево со мала до умерена облачност.

Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Дневната температура ќе биде во благ пораст и ќе се движи од 15 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска наутро има услови за појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 19 степени.