
Пo утрото со локален дожд, денеска во поголемиот дел од денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат од 0 до 8, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 10 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, со температура до 17 степени.