Сончево со мала до умерена облачност

Во средата во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат во интервалот од 0 до 8, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат од 13 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Очекувана максимална температура до 23 степени.