Сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Претпладне во понеделник ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град.

Утринските температури се движат од 6 до 14 степени, а максималните дневни ќе достигна меѓу 15 и 25 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со максимална температура до 24 степени.