Во сабатата ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Утринските температури се движат меѓу 11 и 18, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 23 и 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Температурата ќе се искаќи до 32 степени.