
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура се движи во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Од вторник следува период на стабилно и посвежо време со пониски утрински температури, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст. Во вторник ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.