Времето во вторникот во Макединија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната утринска температура се движи во интервалот од 2 до 9, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.
До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла, особено во четврток. Локални врнежи од дожд и заладување се очекуваат од сабота.