Сончево со мала локална облачност

Во најголемиот дел од Македонија во четвртокот ќе преовладува претежно сончево време со мала локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринските температури се движат во интервалот од минус 5 до 5, додека максималните дневни соодветно ќе бидат од 5 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 13 степени.