Сончево со мала локална облачност

Во петокот во Макеонија утрово е свежо, а по одделни котлини и речни долини со услови за појава на магла. Во текот на денот, пак, ќе преовладува сончево време со мала локална облачност поголема во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринските темпераури се движат од минус 1 до 7, додека највисоките преку денот ќе бидат соодветно во интервалот меѓу 17 и 23 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината утрово е студено, а во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала локална облачност и тивко и темпераура до 22 степени.