Сончево со мала локална облачност

На последниот ден од годината во вторникот на територијата на Македонија  по студеното утро со појава на магла по одделни котлини, преку денот ќе преовладува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу  минус 7 и 3, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат од 8 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје утрово е ведро и студено со појава на утринска магла , а во текот на денот ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Температурата ќе достигне до 9-от степен.