Сончево со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје и околината претежно сончево и тивко, наутро со услови за појава на слаба магла.

Температурите во текот на денот ќе се движат меѓу 10 и 15 Целзиусови степени.

Во понеделник времето ќе биде претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд, а на планините на запад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во вторник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Од попладнените часови, особено во западните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на повисоките места.

Во среда времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер најизразен вдолж Повардарието.