
По променливото облачно време во текот на утрото, во текот на денот во Македонија во саботата ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринските температури се движеа меѓу 7 и 13, а максималните дневни ќе се искачат меѓу 17 и 26 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југозападен ветер. Температурата со 23 степени.