Сончево со мала облачност

Во четвртокот во Македонија утрото е ладно, а по одделни котлини со појава на утринска магла. Преку ден ќе биде сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринските температури се движат од минус 10 до минус 2, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 14 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска ќе преовладува сончево и тивко. Температурата ќе достигне до 10 степени.