Сончево со мала облачност и максимални 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 9 степени, а максималната дневна ќе достигне 24 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од северозападен правец и дневна температура од 23 степени.

За утре метеоролозите најавуваат сончев ден со слаб ветер од северен правец. Во Скопје сончево со слаб ветер од северозападен правец.

Продолжува периодот на стабилно и претежно сончево време. Утринската температура за време на викендот наместа ќе се спушта под нулата.