Сончево со мала облачност, попладне на западот можен дожд

Времето во понеделникот во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Попладне претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринските температури се движат од 12 степени во повисоките области и до 18 во централните делови на земјата до 21 Целзиусов степен на крајниот југ. Максималните дневни температури, пак, соодветно ќе достигнат 27 и 32 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе времето ќе биде претежно сончево со умерена облачност. Утринската температура достигна 18 степени, додека дневната ќе се искачи до 35 Целзиусови степени.