Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утринските температури се во опсегот меѓу 11 и 20, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе достигна од 22 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура до 33 степени.