Сончево со натамошен раст на температурите

Времето во Македонија во петокот ќе продолжи да биде многу топло со натамошен раст на температурите.  Ќе има мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Индексот на ултравиолетово зрачење (UV) ќе има восока вредност 10.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 18 и 22 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 30 степени на повисоките места во западните предели до 43 Целзиусови степени на крајниот југ.

Во Скопје и околината, исто така, ќе биде многу топло  со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 38-от степен.