Времето во Македонија во среда ќе биде сончево и многу топло, ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.
Минималната утринска температура се движи во интервалот од 13 до 22, а максималната дневна ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има висока вредност 9.
Во Скопје и околината ќе биде исто така сончево и топло со слаб северен веетр. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.
Во петок и особено во сабота претежно во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.