Сончево со температура до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 19 степени.