По свежото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, претежно сончево и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во наредните денови ќе преовладува значително потопло време, до понеделник претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Од вторник ќе се зголемуваат условите за појава на пороен дожд и грмежи во попладневните часови.