Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Локално, процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.
До недела ќе продолжи периодот на променливо облачно и нестабилно време. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува